Оставете го телефонот и не трчајте, физичар објаснува што да правите кога грми

До трагични исходи ретко доаѓа при директен удар во човек, громот удира блиску. И кога ќе удри во земјата, во кој било предмет, околината на местото на ударот се наелектризирува. Луѓето бегаат, трчаат а електрицитетот сака да оди по најкраткиот пат, низ најдобриот проводник. И тогаш низ наелектризираната земја преку нозете, доживуваме струен удар. Ако стоиме на едно место, тоа нема да се случи, вели физичарот Војиновиќ.

2,440

Вишиот научен соработник за физика, др Марко Војиновиќ дава совети како да се заштитите од удар на гром. Др Војиновиќ објаснил како се пресметува далечината на громот но и кои грешки можат да бидат кобни додека трае невреме. Тој предупредува дека многумина се водат од фактите кои се„урбани легенди“ и дека тоа може да биде опасно, известува српската телевизија ТВ Прва.

Ги броиме секундите од молњата






На прашањето што прво да направиме кога ќе почне да грми, др Војиновиќ вели дека мора да направиме две основни работи – да процениме колку далеку удираат молњите и според тоа да се засолниме.

– Две работи се основни, првата е да процениме колку громовите се далеку. Ако се доволно блиску треба да се засолниме во затворен простор, во автомобил, зграда, куќа … Ќе процените врз основа на разликата помеѓу времето кое поминало откако ќе ја видиме молњата и кога ќе го слушнеме звукот на громот. Ги броиме секундите од блесокот и ако поминат повеќе од 3, 4 секунди, тогаш громот е далеку. Ако поминало помалку време, тогаш е поблиску – вели тој.

Тој додава дека во случај кога не сме сигурни колку далеку удрила молњата или ако не ја гледаме тогаш влегуваме во затворена просторија.

– Може и тоа да се случи и тогаш е тешко да се процени растојанието, мора молњата да ја видиме. Ако ни е страв најдобро е да се влезе во затворен простор – вели др Војиновиќ.

Сите метални предмети го привлекуваат громот

На прашање дали е вистина дека клечењето ја намалува шансата од удар на гром и дали мораме да се ослободиме од некои предмети, Војиновиќ вели дека клечењето е урбана легенда.

– Клечењето е една урбана легенда, не прави разлика дали клечиме или стоиме, лежиме … Сите метални предмети потенцијално го привлекуваат громот, да кажеме електричното празнење од атмосферата и каков било метален предмет го индицира наелектризираниот спротивен пол и така го привлекува. Паметно е да се ослободите од металните предмети кои ги имате кај себе, а во тоа спаѓа и мобилниот телефон – вели тој.

Тој објаснува дека бојата на молњата зависи од тоа до која температура се вжештил воздухот. Најтопли се светлосините, но секој гром е подеднакво смртоносен ако е доволно блиску.

– До трагични исходи ретко доаѓа при директен удар во човек, громот удира блиску. И кога ќе удри во земјата, во кој било предмет, околината на местото на ударот се наелектризирува. Луѓето бегаат, трчаат а електрицитетот сака да оди по најкраткиот пат, низ најдобриот проводник. И тогаш низ наелектризираната земја преку нозете, доживуваме струен удар. Ако стоиме на едно место, тоа нема да се случи – вели Војиновиќ.

Поврзани содржини