„Еве накусо да ги објаснам фактите:
1. Јас гласав ЗА Законот, што значи ЗА намалување на цената на струјата!
2. Меѓусебните обвинувања и фалби меѓу позицијата и опозицијата во чие време струјата била поскапа или поевтина не се од полза за граѓаните, туку само предизборна реторика.
3.Треба да вложуваме во производство на струја од обновливи извори на енергија, пред се од сонце и ветер, а не во прозводство на струја од јаглен, бидејќи употребата на фосилни горива е главна причина за климатските промени и загадување на воздухот.
4. Треба да ги субвенционираме граѓаните да постават фотоволтаици на своите кровови или да се здружат во енергетски кооперативи, самите да си произведуваат струја, БЕСПЛАТНО. Исто важи и за бизнис секторот, сметката за струја на индустриските капацитети би била многу пониска ако постават фотоволтаици на објектите.
6. Да сумирам: одржливо и ефикасно решение е производство на струја од сонце и ветер и намалена потрошувачка на струја преку енергетска ефикасност. Така сметките за струја ќе бидат многу пониски и ќе се заштедат средства и во домашниот буџет и во буџетите на јавните и приватните претпријатија. И ќе се заштити животната средина и климата“, се вели во реакцијата на Морачанин.