СЗО предупреди на нови, поопасни мутации на коронавирусoт и уште потешки за контролирање

785

Комитетот за итна помош при Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди меѓународната заедница дека најверојатно ќе се појават и ќе се шират нови, поопасни мутации на коронавирус низ светот.

Тоа е соопштено на брифинг во Женева од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ги информираше новинарите за препораките на комитетот на неговото осмо заседание вчера и денеска.






Комитетот предупреди за голема веројатност од појава и глобално ширење на нови и евентуално поопасни мутации кои можат да бидат уште потешки за контролирање, истакна Гебрејесус

Поврзани содржини