Јанакиески за 27 април: Кој друг ако не Миле, Миле е крив за сè!
Не сум јас тој што треба да седи тука пред вас, на оваа обвинителна клупа. Каков организатор сум јас на настаните од 27-ми, ако јас не сум кажал да се отворат вратите, ако јас кажувам да се оди во прес салата, и да се стои пред некого и ако Крсто Муковски оди да ги отвори вратите? Затоа фикции на Обвинитеството се дека јас сум организатор, зошто најлесно е да се каже: па кој друг ако не Миле, Миле е за се крив, рече Јанкиески пред судот во завршниот збор.
Миле Јанакиески, поранешен министер, обвинет во судскиот предмет за организаторите на 27 април во завршните зборови побара судот да донесе одлука базирана на докази, а не како што рече, врз основа на сведочењето на Александар Василевски Нинџа. Тој побара, во предвид да се земат и сведочењата на сегашни и поранешни државни функционери.
– Очекувам да бидам ослободен бидејќи со ниту еден доказ или сведок, обвинителството не успеа да потврди дека сум организатор на „27 април – рече во својот завршен збор Миле Јанакиески, според кој, неуспехот за докажување, обвинителството се обидело да го прикрие со менување на дејствијата кои наводно ги презел.
Главното прашање кое се поставува денеска пред вас е „дали за овие 2,5 години слушнавте од Обвинителството, еве го доказот против Миле Јанакиески, еве го доказот дека Миле Јанакиески ги сторил дејствијата кои му се ставаат на товар? Ниту вие, ниту јас, ниту моите бранители, ниту јавноста не слушна ниту виде, рече во своето обраќање во завршните зборови пред судечкиот совет Јанакиески.
– Не сум јас тој што треба да седи тука пред вас, на оваа обвинителна клупа. Каков организатор сум јас на настаните од 27-ми, ако јас не сум кажал да се отворат вратите, ако јас кажувам да се оди во прес салата, и да се стои пред некого и ако Крсто Муковски оди да ги отвори вратите? Затоа фикции на Обвинитеството се дека јас сум организатор, зошто најлесно е да се каже: па кој друг ако не Миле, Миле е за сè крив – додаде Јанкиески.
Тој се повика и на изјавата на премиерот Заев, кој пред судот рече дека не верува дека обвинетите се организатори.
– Обвинителството прави бај-пас во погрешно време, со менувањето на обвинителниот акт пред самиот крај, бидејќи не успеа да го докаже дејството со кое првично го товари Миле Јанакиески – рече одбраната на екс министерот.
Обнителството менувало, кратело и додавало, делови во пораките со кои сакало да докаже дека Миле Јанакиески е организатор на собраниските настани, но не успеало бидејќи организација од страна на двајцата поранешни министри сега обвинети, не постоела, вели одбраната.