Српскиот актер Бранислав Лечиќ првпат се огласи во медиумите откако Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава на актерката Даниела Штајнфелд против него.
– Засега не би сакал да коментирам ништо, затоа што официјално ги немам информациите. Ако им верував на медиумите и на другите, а не на законот, ќе помислев дека сум чудовиште. Вака и сега ќе го почитувам законот и ќе чекам официјално да ме известат, па ќе дадам соопштение – рекол Бранислав Лечиќ.
Причините за одбивање на кривичната пријава сè уште не се познати.
Бранислав Лечиќ и Даниеела Штајнфелд во март се испрашани во полиција заради тврдењето на глумицата дека Лечиќ ја силувал во 2012 година.
Лечиќ ги отфрли сите обвинувања и тврдеше дека ниту сторил, ниту се обидел да го направи казненото дело силување.
ФОТО: МИА