Скопјани фрлаат ѓубре каде што ќе стигнат: За шест месеци собрани 7.000 кубни метри од јавни површини
Во акцијата за собирање кабаст отпад во сите скопски општини спроведена во мај, се подигнати и транспортирани рекордни 650 кубни метри одложен мебел и отпад од електронски и електрични уреди.
Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6 проценти, во однос на истиот период минатата година, соопшти претпријатието.
Во првите шест месеци од годината, информира претпријатието, се отстранети над 7.000 кубни метри отпад одложен на јавни површини, а во истиот период екипите на претпријатието расчистија неколку обемни диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во општините Чаир, Кисела Вода и Сарај.
– Со цел – одржување на максималното ниво на јавната хигиена како и спречување на ширењето на вирусот ковид-19, претпријатието спроведуваше машинско миење со автоцистерни на сите булевари и поголеми улици во градот, како и рачно миење, машинско и рачно метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје и Старата скопска чаршија, наведуваат од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Во акција та за собирање кабаст отпад во сите скопски општини споревена во мај се подигнати и транспортирани рекордни 650 кубни метри одложен мебел и отпад од електронски и електрични уреди.
Во овој периодсе набавени десет нови специјални комунални машини наменети за метење на јавните и сообраќајните површини, за во наредниот период е планирано да се набават уште 32 нови специјални комунални возила – автоцистерни, самоподигнувачи, камиони и кипери, што се очекува значително да придонесат за поефикасно и поквалитетно извршување на активностите на претпријатието.