Што содржи синдикалната кошничка од 34.212 денари во јуни?

Според пресметките, просечната нето плата во јуни покрива околу 82 отсто од трошоците на четиричлено семејство. 

366

Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212 денари.

Од елементите што ја сочинуваат синдикалната кошница, за јуни, како што соопшти Сојузот на синдикати, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.547 денари, на домување 10.800 денари, на хигиена 2.378 денари, на превоз 2.508 денари, на облека и обувки 2.176 денари, на култура 1.067 денари, а на одржување здравје 732 денари.






– Просечно исплатена нето плата за април годинава, според последниот објавен податок од Државниот завод за статистика, била 28.438 денари, наведуваат од Сојузот на синдикати.

Според пресметките, просечната нето плата во јуни покрива околу 82 отсто од трошоците на четиричлено семејство.

Синдикалната кошница се пресметува за четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Во пресметката на синдикалната минимална кошница вклучува трошоците од  седум групи: исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура и одржување и здравје.

 

Поврзани содржини