Кинеските астронаути седум часа шетаа надвор во вселената ВИДЕО
Боминг и Хонгбо седум часа правеа разни инсталации надвор од станицата. Тиангонг е прва и посебна вселенска станица на Кина, надвор од Меѓународната вселенска станица. За неверојатно кратко време, Кинезите слетаа на Месечината, а го пуштија и роверот Зуронг на Марс, парирајќи им на Американците. Инаку, ваква своја станица најавија дека ќе направат и Русите.
Седум часа траеше вселенската прошетка на кинеските астронаути надвод од кабините на новата станица Тиангонг. Откако испрати Ровер на Марс, Кина реши да направи своја вселенска станица што е голема пресвртница во вселенската трка. Лиу Боминг и Танг Хонгбо објавија и видео од прошетката на Твитер, а истата ја пренесе Футуризам.
– Леле, премногу е убаво овде – рече Лиу како што излезе од станицата и влезе во вселената.
Прошетката означува уште едно достигнување за кинеската вселенска програма во последните неколку месеци. Во мај, кинескиот ровер Зуронг ја допре Црвената планета од каде што испраќаше видео и аудио записи. Да не заборавиме, Кинезите неодамна беа и на Месечина, каде пробаа да израснат растение.
Погледнете го видеото:
13 years after #China‘s 1st spacewalk, #Shenzhou12 Taikonauts conducted a spacewalk mission again. Our step to explore the vast universe never stops. pic.twitter.com/1uRXRCGtzT
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) July 5, 2021
И покрај тоа што ова е првата вселенска прошетка надвор од станицата Тиангонг, таа е всушност втора вселенска прошетка некогаш спроведена од кинески астронаути. Првата се случи во 2008 година.
– Безбедното враќање на астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо во основниот модул Тијанхе го означува целосниот успех на првата вселенска прошетка во изградбата на вселенската станица во нашата земја – изјавиле од Кинеската вселенска агенција во соопштение за весникот и портал Гардијан.
Астронаутите имале задача да извршат голем број надградби и инсталации на основниот модул на станицата за време на нивната прошетка. Ова вклучува инсталирање сопирачки за стапалата на роботската рака на станицата како и прилагодување на панорамската камера инсталирана на модулот.
Тројцата Кинези живеат внатре во капсулата откако тие беа лансирани во вселената минатиот месец:
First vlog released showing taikonauts cabin life in China’s space stationhttps://t.co/lENoc5pTN1 pic.twitter.com/E8fobAUdfE
— Global Times (@globaltimesnews) June 23, 2021