Принцот Чарлс се лекува од депресија, Меган и Хари го докрајчија

901

Принцот Чарлс наводно имал нервен слом поради принцот Хари и Меган Маркл. Како што пишува „Нешнел енкваер“ 72-годишниот иден британски крал се обидува на сите начини да го задржи среќниот израз на лицето и да не открие колку на неговото ментално здравје влијаеле неодамнешните постапки на одбегнатата кралска двојка. Но, притисокот бил едноставно преголем, па изворот за споменатиот медиум изјавил дека на принцот од Велс неодамна му била дијагностицирана депресија.

„Тој едноставно не можеше да се справи со бруталните напади и омразата што ги ширеја Хари и Меган во последните месеци. Тие индиректно го обвинија дека е чудовиште и ја обвинија неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, дека таа го направила таков. Чарлс никогаш нема да може да им прости“, изјави извор близок до кралското семејство, кој откри дека сопругата на Чарлс, 73-годишната Камила, кога сфатила колку е сериозна здравствената состојба на нејзиниот сопруг, ги повикала лекарите да интервенираат.






„Нешнел енкваер“ исто така наведува дека Чарлс сега е во фаза на лекување – тој учи да се справува со гневот што му се насобрал и со емоциите, па затоа го пропуштил состанокот со неговиот помлад син Хари, кој престојуваше една недела во Британија по повод откривањето на споменикот на трагично починатата мајка, принцезата Дијана.

„Камила сакаше да избегне каква било можност доаѓањето на Хари во Велика Британија дополнително да го наруши менталното здравје на нејзиниот сопруг, па затоа го советуваше Чарлс да остане во Балморал за време на посетата на Хари. Средбата на таткото и синот можеше да предизвика нов слом кај Чарлс, што исто така би го загрозило неговото наследување на тронот, а Камила не можеше да го дозволи тоа“, заклучил изворот.

Поврзани содржини