Жителите на Наколец собраа над 80.000 долари за да изградат стадион во Преспа
Причина што приказната за Наколец е единствена и неповторлива е што спортскиот објект нема да им го изгради локалната ниту централната власт, туку тие самите со собирање пари преку интернет-мрежата за таа намена „ГоуФандМе“.
Љубовта кон фудбалот, а особено кон спортот, нѐ познава вера и нации, доказ за тоа се жителите на селото Наколец во близина на Ресен, кои како вистински спортските вљубеници се пред самата цел за да си го исполнат сонот, а тоа е да изградат стадион и рекреативен центар за тие што сè уште живеат во него.
Причина што приказната за Наколец е единствена и неповторлива е што спортскиот објект нема да им го изгради локалната ниту централната власт, туку тие самите со собирање пари преку интернет-мрежата за таа намена „ГоуФандМе“.
– Се надеваме дека ќе го обновиме стадионот и ќе изградиме рекреативен парк каде ќе се создаде шанса за претстојните спортисти да тренираат и да ги покажат своите таленти преку различни спортски кодови, како и конечно да создадеме безбедно игралиште каде децата можат да уживаат секојдневно. Тоа е место кое многумина го нарекуваат дом, а без сомнение е проект што беше занемаруван толку години. Време е да се направи таа промена и да се создаде нешто посебно за нас и уште поважно за генерациите што следат. Секако дека за да можеме да го постигнеме ова, потребни се средства. Ние веруваме дека ако сите се собереме заедно, ќе можеме да го постигнеме ова со леснотија. Дајте великодушно каде што може, секоја донација е многу ценета – стои во објавата на „ГоуФандМе“.
Речиси 300 жители од ова преспанско село во кое живеат и сложно работат Македонци, Албанци, Турци, Роми и останати националности, нивната огромна љубов кон спортот, но и кон нивното село ја препознаа многумина, а уплати пристигнуваат од речиси сите страни на светот, но и непознати страци од „белиот свет“, кои го препознаа големото срце на наколичани.
Тие досега имаат собрано нешто повеќе од 80.000 долари, што е многу блиску до зацртаната цел од 100.000 долари, колку што сметаат дека ќе им биде потребно да го остварат својот сон. Идејниот проект е веќе направен и тој изгледа прекрасно, бидејќи покрај модерниот фудбалски стадион ќе има и игралишта за кошарка, одбојка, но и рекреативен центар со маси за пинг-понг, билијард, како и детско игралиште.
Заедништвото на жителите на Наколец и нивната сплотеност без разлика кој на која националност и вера им припаѓа, треба само да биде пример за останатите македонски граѓани и пред сè за политичарите.