Спасувањето во зградата во Мајами сопрено, Бајден е во посета
Она што го знаеме е дека столбовите на источната страна од зградата се на некој начин проблематични – изјавил спасувачот и пожарникар Раид Џадала. Хипотетички, најлошото сценарио е ова: ако овие столбови се навистина во толку лоша состојба, тогаш се плашиме дека тие можат да се струполат назад врз гаражата – објаснува тој.
Привремено мораа да сопрат со работа спасувачките тимови кои цела недела трагаа по луѓето во рушевините на зградата во Мајами, откако добиле дојава дека претседателот Бајден ќе ги посети досега преживеаните, пренесува МИА.
Од тимот велат дека главните причини за сопирањето се безбедносни: зградата може уште повеќе да се сруши ако се продолжи со акцијата. Некои од жителите барале да се постават дополнителни стапови за да се укрутат подобро оштетените столбови, но статичарите биле децидни дека тоа едноставно не е можно.
– Она што го знаеме е дека столбовите на источната страна од зградата се на некој начин проблематични – изјавил спасувачот и пожарникар Раид Џадала. Хипотетички, најлошото сценарио е ова: ако овие столбови се навистина во толку лоша состојба, тогаш се плашиме дека тие можат да се струполат назад врз гаражата – објаснува тој.
Со досега 18 потврдени мртви, 6 пронајдени живи и за 145 по кои уште се трага, Џо Бајден и првата дама на САД Џил Бајден ќе имаат голема работа да го покренат духот на Мајами, се надева градоначалникот Фреди Рамирез. 12-катницата која гледа на море во местото Сурфсајд ненадејно се урна минатата недела под неразјаснети причини.
Главниот пожарникар на Мајами Џими Патронис ќе му пренесе на Бајден дека многу е важно луѓето да бидат третирани соодветно по стресот кој го доживеале од оваа траума.
– Сакаме да се осигураме дека кога на крај тие ќе си отидат дома, дека сме им ја дале силата…да можат да се вратат пак на работа без страв или кошмари и предизвици – изјавил тој.