„Бесмртна“ пчела од Африка може да се клонира себеси милион пати

Добрата вест е дека пчелите нема да изумрат. Лошата вест е дека овој јужноафрички вид ќе ги нападне и ќе ги замени сите обични пчели, клонирајќи се себеси, од мајка на ќерка со буквално идентична ДНК, без никаква разнородност

660

Совршени клонови

Пчелите, по сѐ изгледа нема да исчезнат толку брзо од lлицето на Земјата. Јужноафрички вид на пчела од градот Кејп е новиот „кошмар“ за обичните пчели.  Таа е практично бесмртна, бидејќи може да се клонира себеси и до милион пати за да преживее. Научниците се запрепастени од фактот дека копијата на мајката-пчела е буквално иста по генетика со нејзините милион деца дури и по три децении, пишува Футуризам.






– Неверојатна е, но исто така е и неверојатно дисфункционална -изјавил Бенџамин Олдројд, автор на студијата и водечки професор по генетика во Сиднеј, мислејќи на фактот дека нема никаква разнородност во гените кај овој вид.

Клоновите ќе ги истиснат обичните пчели

Има многу инсекти кои се множат без партнер. Тоа не е новост ни кај пчелите. Кога матицата решава да се размножи, таа ја „рекомбинира“ својата ДНК и нејзиното дете, иако е од еден родител, има колку-толку нова „промешана“ ДНК. Но, кај јужноафричките пчели од Кејп нема никакво „рекомбинирање“. Ќерката е буквална копија на мајката!

Освен што е редок пример на клонирање во природата, ова им дава голема моќ на јужноафриканските пчели – тие можат да напаѓаат пчеларници на обични пчели и да ги заземаат, со што практично ги заменуваат како вид. На некој начин, тие им вршат услуга, бидејќи пчеларниците кај обичните пчели секако пропаѓаат во моментот кога кралицата не може да се множи. За да ја спасат ситуацијата почнуваат да се множат „работниците“ и тие несат јајца, но тогаш нема веќе кој да работи и да го одржува пчеларникот.

Поврзани содржини