Грашокот е одличен борец против рак и холестерол
Грашокот не се споменува често во темите за здравје, ниту го вклучуваат на списокот на лековити намирници што можат да помогнат во борбата против болести. А би требало.
Потценетиот грашок е полн со хранливи материи, вклучувајќи фитохемикалии, кои се одлични во борбата против ракот, го намалуваат холестеролот, а имаат и пребиотички ефект.
Овие мали, вкусни плодови не само што се извонреден „тоник“ за дигестивниот систем, туку штитат и од висок холестерол, па дури и од рак.
Грашокот веќе долго време е во исхраната на луѓето поради скробот и протеините што ги нуди. Но, многу работи за здравствените придобивки на грашокот не се напишани, па затоа научниците одлучиле да ја пополнат таа празнина.
Анализата на хранливите материи што се наоѓаат во грашокот го покажала следново:
- Влакната од грашок ја зголемуваат дигестивната функција и ја намалуваат сварливоста на скробот.
- Амилозата, компонента на грашок, придонесува за понискиот гликемиски индекс на ова растение.
- Витамините и минералите од грашокот играат важна улога во превенција на недостаток од хранливи материи и спречување на болести, особено оние кои се однесуваат на железото или фолната киселина.
- Грашокот содржи голем број на фитохемикалии кои имаат антиоксидантско и антиканцерогено дејство.
- Грашокот содржи сапонини, кои го држат холестеролот под контрола и ги зајакнуваат позитивните ефекти на пребиотиците во дебелото црево.
Фото: Freepik