„Парадата на гордоста” ќе го пренасочи сообраќајот во Скопје
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје утре ќе биде под посебен сообраќаен режим затоа што ќе се одржи „Парадата на гордоста“ и сообраќајот ќе се пренасочува кон други улици.
Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот Жена Борец, која започнува во 12 часот е по улиците Димитрије Чуповски, свртување на Даме Груев и булеварот ВМРО кон Владата, па по булеварот Илинден, до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17 часот.
Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.