Индискиот сој ќе биде доминантен во Германија летово

Германскиот министер за здравство, Шпан додаде дека овој сој моментално сочинува повеќе од 15 проценти од случаите на заразени со коронавирус во Германија и дека неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе се вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите.

258

Позаразениот сој Делта на коронавирусот ќе стане доминантен во Германија во текот на летото, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

– Сојот Делта ќе биде доминантен во текот на летото, и во прашање се недели а не месеци – изјави Шпан на прес-конференција.






Шпан додаде дека овој сој моментално сочинува повеќе од 15 проценти од случаите на заразени со коронавирус во Германија и дека неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе се вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика другите членки на ЕУ да се заземат построги гледишта околу патувањата од државите кои се надвор од ЕУ, како Велика Британија, за да се сузбие ширењето на делта сојот на ковид-19.

 

 

Поврзани содржини