100 отсто присуство во класовите, дезинфекција, проветрување, дел од протоколот за училиштата од септември

Министерот за здравство вели дека протпоколот ќе биде готов за две недели, а од спетвември учениците ќе следат настава физички.

255

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година.

– Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели – изјави Филипче.






Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.

 

Поврзани содржини