Грците му дадоа жолт картон на Заев
Реакцијата од грчка страна е поради твитот кој го објави Заев вчера кога го игравме последниот меч на ЕУРО 2020 против Холандија.
Премиерот на Северна Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани, реагира портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони на твитот на премиерот Зоран Заев кој ја користи придавката „македонски национален фудбалски тим“.
Реакцијата од грчка страна е поради твитот кој го објави Заев вчера кога го игравме последниот меч на ЕУРО 2020 против Холандија.
Пелони по твитот на македонскиот премиер изјави дека од соседната земја бара целосна имплементација на Договорот од Преспа.
„Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот“, рече Пелони.