Поп Арсова и Ивановски победници на „HalkEco Скопје Трча 10 КМ“
Трката започна и заврши на булевар Илинден, пред фонтаната Лотос, а патеката по која се трчаше беше по булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди.
Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски се победници на денешната трка „HalkEco Скопје Трча 10 км “, на која учествуваа околу 1000 тркачи.
Ивановски патекатаa ја истрча со време 29:58 минути. Второто место му припадна на Леонид Вандевски, со време од 32:55, а третото на Атанас Анчевски, со време на трчање од 33:19.
Во женска конкуренција, најбрзата, Поп Арсова оствари време 35:07 минути, второто место го зеде Биљана Кираџиева со 38:40 минути, на третото место заврши Милјана Ристиќ со 39:58 минути.
Трката започна и заврши на булевар Илинден, пред фонтаната Лотос, а патеката по која се трчаше беше по булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди.
– Горди сме, што по една година пауза, успеавме да ја организираме оваа прекрасна градска трка и покрај сите препораки и мерки, кои моравме да ги почитуваме, сè со цел да ги заштитиме нашите учесници, но и да се заштитиме самите себеси. Скопје Трча 10 км, како трка која се одржува од 2017 година, успева да ги сплоти најдобрите тркачи и љубители на спортот. Сите натпреварувачи кои учествуваа на овогодишната трка се спортисти во одлична форма, кои вежбаат со месеци – изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.
Трката беше организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите.