Санкции за три автобуси поради претовар и непочитување на мерките против ковид-19

574

Полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар денеска во периодот од 6 до 8 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево извршиле контрола во три автобуси на гостиварска туристичка агенција, при што било констатирано дека не се придржувале кон мерките за заштита на населението од заразни болести односно имало поголем број на патници од дозволеното, соопшти МВР.

Полициските службеници, како што се посочува, постапиле согласно претходно изготвениот план за контрола и проверка во јавниот превоз, а во врска со почитување на мерките при превоз на патници за време на епидемија.






По целосно документирање на случајот против правното и одговорното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, стои во соопштението.

Поврзани содржини