Адвокатот на Мијалков е изненаден од одлуката за одбивање на гаранцијата: Судот не ја почитува презумпцијата на невиност, притворот е определен до правосилност на пресудата
Не ја гледам потребата Судот да не ја почитува презумпцијата на невиност, имајќи предвид дека се работи за притвор кој е определен до правосилност на пресудата, истакна Петар Василев, адвокат на Сашо Мијалков.
Адвокатот на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, Петар Василев, е изненаден од одлуката на Судот за одбивање на гаранцијата што ја понуди неговиот клиент, особено затоа што, како што вели, Обвинителството ја прифати гаранцијата.
– Сметам дека е спротивно на законот, со оглед на тоа јавниот обвинител е тој којшто бара да се определи притвор, па при давање на еден ваков предлог од страна на одбраната, истиот јавен обвинител дал мислење дека гаранцијата ги исполнува сите услови за Сашо Мијалков да се брани од слобода. Не ја гледам потребата Судот да не ја почитува презумпцијата на невиност, имајќи предвид дека се работи за притвор кој е определен до правосилност на пресудата. Морам да се осврнам и на квалитетот на гаранцијата што беше понудена и на нејзината висина која што сметаме дека е повеќе од доволна. Во текот на постапките коишто се водат против Мијалков во изминатиов подолг период, мојот клиент секогаш бил достапен на органите – рече Василев за Телма.