Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движењ, соопшти Владата.
– Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23 часот до 05 часот наредниот ден. Време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22.30 часот – велат од Владата.
Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда).