Ви текнуе ли на ова?
Ја најбољи филм што сум го гледал до сеа, е оној со карате, на тој што му ја скршија кичмата. Он му рече на брат му немој да одиш, тие се апаши. Он ноќта отиде, пошто имаше закажано со една женска. И она му викаше немој да се тепаш со тие, будали се, гони ги у пичку матер. А он беше со главом низ ѕид што се вика, отиде и му ја скршија кичмата тогаш…и брат му вечерта многу се налути од што му беше жал. И отиде утре кај старецот што му беше учител на тој што му ја скршија кичмата…иии…он вежбаше, вежбаше, и од кога се навежба, он отиде кај на тие што на брат му што му ја скршија кичмата, таа вечер…и му отиде и ги сачека еден по еден таму кај дрвото и му вика – зашто вие на брат ми му ја скршивте кичмата? А женската го гледаше и него и му викаше пред тоа, немој, оти и тебе како на брат ти ќе ти ја скршат кичмата. А овој му викаше, чим на брат ми му ја скршија кичмата, јас ќе одам на сите тие ќе им ја скршам кичмата. И он кога отиде ноќта, му се врати сликата како кога на брат му му ја скршија кичмата вечерта. И овој се налути, и пошто старецот што му беше учител, го научи, го навежба, овој на сите им ја скрши кичмата…иии…иии…исто како на брат му што му ја скршија кичмата.
Да, да… К-15. Легендарно.
Иии… ми се јавуе синоќа братми и ми вика брат, Заев те нападна! Како бе, кога, кој Заев, оној што му ја скршија кичмата или брат му пошто двајца се. Не бе не брат му, оној што му ја скршија кичмата…Грците…иии… Бугарите…иии… Добро бе, кој стигна му ја скрши, преџи са журнала на филм. Шо бе филм, брат, сега те сачека…иии…и на тебе сакаше да ти ја скрши кичмата. Што збориш бе, Зоки значи! А каде тоа? На Канал 5, во „Само вистина“! Ај не забавај, фејк њуз, Заев и само вистина не иде тоа заедно. Добро, брат, „Само интервју“, не биди и ти сеа пицајзла…
Мајку му стара. Ме замисли братми. Ми се врати сликата од пред година ипол две коа ми ја скршија кичмата у „Слободен печат“. Болеше, у пичку матер. Ама не знам дали тогаш беше најкрив Зоки пошо на него му ја скршија кичмата неколку пати ама не му ја скршија глаата шо почна да заборава кој го тураше во корито и го тешееше и му викаше да издржи зашо после коа ќе се навежбаме заедно ние на сите ќе им ја скршиме кичмата. Еј, шо гомна сум јал…
Последен пат Зоки сакаше да ми ја скрши кичмата кога беше аферата „Рекет“. Деноиве пред години. Тоа памтам. И тогаш не ме кажа по име пошо е слаб со кичмата, туку ме нарече суетниот новинар. Од тогаш во Битола ме викаат Суетнио. Ја, заедно со еден педер и со неколку криминалци, ви текнуе, сме сакале да му ја скршиме кичмата на него. Нема везе шо не беше така, Зоки беше во паника зашо му беше јасно дека ќе се случи она што мораше да се случи – моите приказни со измислени ликови станаа истраги и обвиненија за кои сега се суди, а се открија и врските на СДСМ и на луѓето блиски до Зоки со тие неколку криминалци и со тој другиот шо Зоки го викаше еден педер со опроштењем на елџибити, зашо сакаше прво на него да му ја скрши кичмата и на тоа да заврши. Него, батали сеа спомени…
Седнав да го изгледам тоа интервју. Дугачко, у пичку матер. Одвај го најдов спорниот дел. Кутак за спорни тренутак. Чим Гоце водителот, тој шо еднаш порано му ја скршија кичмата ама се опраи после, ги спомна Мијалков и Камчев, Заев се помрдна во фотелјата и слушнав како нешто крцна, ја мислам дека го штрекна нешо во кичмата пошто скршена му е на поише места. И тогаш, видно нервозен во пределот на устата, лупна таму дека некој портал шо останал без спонзор ширел лажни вести и драми за притворот на Камчев. Тој Камчев е оној на кого Зоки сакаше… иии…иии…не бе, не сакаше да му ја скрши кичмата, сакаше нешто друго да му направи ама срам ми е сеа да кажам.
Не кажа Зоки кој портал ама спомна некакви колумни и мене одма ми се врати сликата на Суетнио што му ја скршија кичмата и одшто ми стана жал за мене, одма сфатив дека Зоки решил да ми ја скрши кичмата уште вечерта, на телевизија.
И тогаш многу се наљутив и решив одма да појдам таму кај Канал 5 телевизија, да го сачекам и да му ја скршам кичмата на Зоки. Ама не бев навежбан и бев облечен во пижами, па се смирив малку. Завртев два-три телефона да прашам дали добро сум сфатил и тогаш пак ми се јави братми шо ми кажа дека Зоки сакал да ми ја скрши кичмата во „Само интервју“, зашо Зоки не знае шо е само вистина. Братми ми рече немој да одиш, тие се апаши. Ја пошто немав закажано со никоја женска ноќта, и не мислев баш да одам само се курчев малку да ми пројде нервозата. Братми уше еднаш ми рече немој да се тепаш со тие, будали се, гони ги у пичку матер, пошто гласот ми беше таков ко стварно да сакам да одам и на сите да им ја скршам кичмата, чак и Гоце да го сачекам и после никој више да не го опраи без обзира шо не е он крив за нишо.
Седнав пак да мислам и така од мислење и седење ме фати кичмата зашо не треба многу да се седи во фотелјата пред телевизорот, туку да се вежба. И тогаш се качив на траката за штампање да се навежбам зашо решив дека сепак морам на Зоки да му ја скршам кичмата, ако не па сабајле, пред пак мене да ме стегне кичмата зашо после и да ми ја скрши он на мене џабе ќе биде.
Штампав така на траката и си мислев зошо бе овој Зоки будалиов вака се расправа со мене ко баба на троножец? Зошо сака да ми ја скрши кичмата? Зошо тие неговите стално ми праќаат абери дека ќе ме сачекаат и ќе ми ја скршат кичмата а сега и на телевизија он сакаше да ми ја скрши пред сите?
Уствари, знам шо му е… Се плаши дека сега на него ќе му ја скршат кичмата и дека на избори наесен ќе мора во дубаче да оди. А он не може да поднесе да изгуби избори и после власта да му ја земат педери, криминалци и еден суетен новинар, пошто тоа не е демократски. Нема везе шо тоа не е така, он така си мисли и кога многу ќе си замисли дека пак ќе му ја скршат кичмата шо му ја скршија неколку пати, ама за наше добро, одошто му е жал да оди во дубаче а не со моторче, одма се наљутуе и тогаш сака да им ја скрши кичмата на сите што го нервираат. И на мене, нормално, шо па ја да сум изузетак?
И зашо многу се замислив така, ми се сплеткаа нозете и паднав од тоа траката што ми служи за сушење тренерки и акнав на паркетот и за малку ќе си ја скршев глаата заеби кичмата. Не мора Зоки да ти ја скрши кичмата, будало една, си реков, сам ќе си ја скршиш.
И тогаш ми текна, а бе може Зоки се изнервирал пошто денеска се возеше со хеликоптер и после сите го прашуваа зашо се вози со хеликоптер кога има моторче иии…иии…пошо побрзо ќе дошол во Канал 5 со моторчето и со Венко во придружба. И може Венко му рекол Геро и на мене сака да ми ја скрши кичмата и затоа сеа коа ќе влезеш во студиото немој на Гоце да му ја скршиш кичмата зашо на него му ја скршија порано и он не е како Старото можда вечерва он има со женска закажано, него ти на Геро да му ја скршиш кичмата одма да нема време да се навежба, зашо ако Старото се навежба вечерва уше утре сабајле на двајцата ќе ни ја скрши кичмата и после шокур ќе бараме на избори и женски да закажуеме и на мотори да се возиме…
И послем сум заспал у пичку матер. Можело ова лоповиве шо шетаат по тендери дома да ми влезат пошо сум ја оставил вратата отклучена и можело и тие да ми ја скршат кичмата така на спиење нишо да не осетам…
Чим станав од спиење сфатив зашо ова мудриве зборат дека утрото е попаметно од ноќта. Одма му се јавив на братми шо ми кажа дека Зоки сакал да ми ја скрши кичмата и му реков брат, во право беше, нема да одам да се тепам со нив, будали се они, може да дојдат стварно да ми ја скршат кичмата и после да ме прашаат кој ти кажа дека Зоки на Канал 5 сакал да ти ја скрши кичмата. И ја тогаш можда ќе морам да им кажам дека ти ми кажа и после тие на тебе два пати ќе ти ја скршат кичмата, брат, такви се они, гони ги у пичку матер.
И тогаш братми се согласи со мене и ми рече ако брат, ти само вежбај и остај ги тие, будали се они не мора и ние да бидеме будали ко они. Кај и да е, друг ќе им ја скрши кичмата. Башка те знам, ми рече братми, те знам каков си и душа, утре кога на нив ќе им ја скршат кичмата ти ќе им го носиш дубачињата и ќе ги тешиш одшто ти е жал за секое лајно што му ја кршат кичмата и затоа еднаш и на тебе треба да ти ја скршат. За памет.
У право е братми, нели?