ДИМИТРИЕВСКИ УДРИ ПО СДСМ И ДУИ Државата ја делеа 20 години, а денес даваат лекции за државништво

Претседателот на ЗНАМ ги критикуваше двете опозициски партии и порача дека нивното долгогодишно учество во власта не може да биде игнорирано кога денес зборуваат за состојбите во државата.

0

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, ги критикуваше СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека по долгогодишно учество во власта денес се обидуваат да ја критикуваат актуелната власт и да даваат лекции за државништво.

Димитриевски ова го кажа во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5, осврнувајќи се на политичките односи во земјата и на, како што оцени, недоволната комуникација меѓу власта и опозицијата во изминатите години.






Тој порача дека политичките партии кои биле дел од власта не можат да избегаат од своето политичко наследство и од одлуките што ги носеле додека управувале со државата.

– Јас и луѓето заедно со мене во мојот тим, со СДСМ расчистивме многу одамна, уште кога сметавме дека државата ја водат во многу лоша насока – рече Димитриевски.

Говорејќи за актуелните случувања во СДСМ, тој посочи дека дел од луѓето кои денес ги критикуваат состојбите претходно биле дел од системот во кој, според него, имале влијание.

– Едниот беше еден од главните политички гуруа на Димитар Ковачевски. Другите беа членови по управни одбори и така натаму, тогаш молчеа, кога Максим зборуваше – истакна претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски се осврна и на ДУИ, оценувајќи дека со нејзиното заминување во опозиција е променета политичката ситуација во земјата.

Според него, во минатото постоел простор за политички уцени, кој сега е намален.

Димитриевски порача дека СДСМ и ДУИ треба да се соочат со сопственото политичко наследство и со резултатите од периодот во кој биле дел од власта.

Неговата порака е дека политичката одговорност, според него, треба да се мери преку конкретните одлуки и резултати, а не само преку политички изјави и партиски прес-конференции.

Поврзани содржини