Несторовски се огласи за пцовките, јавноста згрозена, бара да биде отстранет од репрезентацијата

Навредата беше наменета за 3 личности кои 3 дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се, објави Несторовски на својот Инстаграм профил.

3,250

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна својот јубилеен 10-ти гол во репрезентацијата откако синоќа од пенал ја затресе мрежата на Лихтенштајн. Но, наместо да се радува на постигнатиот гол и на високата победа на својот им, тој реши да ја пцуе македонската јавност преку камерата.

Во прв момент не беше познато кон кого беа упатени навредливите зборови, но сепак, не е тешко да се претпостави со оглед на тоа што Несторовски трпеше низа критики од македонската јавност поради лошата форма што ја прикажа во последните неколку натпревари, особено на последниот меч против Романија во Букурешт.






Откако потегот предизвика многу негативни коментари кон фудбалерот, тој се обрати на Инстаграм и објасни за што станува збор.

„Навредата беше наменета за 3 личности кои 3 дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“, објави Несторовски на својот Инстаграм профил.

Но, очигледно, голем дел од македонските навивачи не веруваат во ова негово оправдување, па бараат Несторовски да биде отстранет од репрезентацијата.

Селекторот Игор Ангеловски, пак, по вчерашниот натпревар не сакаше да го коментира пцуењето на Илија Несторовски, бидејќи, како што рече, не видел што направил напаѓачот.

– Не го видов тој момент, не можам да коментирам, кога ќе го видам тогаш може да прокоментирам – изјави селекторот.

Поврзани содржини