Бранислав Лечиќ се пофали дека го поминал полиграфот, а одамна признал дека удрил жена
Вчера во српските медиуми се појави и дел од интервјуто на Лечиќ од 2007 година во кое на прашањето „Дали некогаш сте удриле жена во животот?“, Лечиќ рече дека за жал го сторил тоа.
Актерот Бранислав Лечиќ вчера седум ипол часа беше на информативен разговор во полицијата откако неговата колешка Даниела Штајнфелд го обвини дека ја силувал. Тој бил подложен на полиграф за кој вели дека го поминал.
– Полиграфското испитување е извршено на мое експлицитно барање, а сите информации за кои јавноста е заинтересирана во врска со овој случај може да се најдат на тие адреси – полицијата и обвинителството. Само за моите сопартијци кои останаа со мене и за сите оние луѓе што останаа со мене затоа што знаат дека Лечиќ може само да лекува и во никој случај не може да труе и силува. Знајте дека давав изјава седум и пол часа, дека сè одеше професионално и дека го поминав полиграфот – рече тој во видео пораката што ја објави и која заврши со бакнеж.
Лечиќ додаде дека нема веќе да дава изјави на медиумите за оваа тема
Вчера во српските медиуми се појави и дел од интервјуто на Лечиќ од 2007 година во кое на прашањето „Дали некогаш сте удриле жена во животот?“, Лечиќ рече дека за жал го сторил тоа.
– За жал, двапати. Прв пат во пубертет, затоа што девојката ме излажа, а не можам органски да го поднесам тоа. Тоа се повтори и пред извесно време, но навистина е поранешна приказна за која никогаш повеќе не би си ја дозволил – рече Лечиќ.
Тој зборувал за мажественоста и за неговата семејна драма, одговарајќи на прашањата како се чувствува со оглед на тоа што сопругата јавно го изневерувала и го доведувала во прашање како маж.
– Вистина е. Не се плашам за својата мажественост. Јас сум сигурен во себеси како ментално, духовно и сексуално битие, иако ме изневери мојата сакана сопруга, кралицата на мојот живот, која ми даде тринаесет години среќа и две прекрасни деца. Тоа е многу подлабоко од измама. Таа го предаде нашиот заеднички проект наречен семејство – рекол Лечиќ во интервјуто.