На скопските инфективни оддели има 60 празни кревети
За последното деноноќие во ковид-центрите во Скопје се примени 84 нови пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 84 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Моментално на инфективните оддели во Скоипје и во болниците во земјава вкупно се лекуваат 1.289 болни и има околу 300 празни болнички кревети. Само на скопските инфективни оддели се лекуваат 543 лица .
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 24 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Вкупно 543 пациенти потврдени и сомнителени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град и има 60 слободни кревети.
Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 255 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 746 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Битола се хоспитализирани 78, Штип 56, Тетово 30, Велес 65, Куманово 108, Охрид 92, Прилеп 117, Гостивар 30, Струга 20, Струмица 45, Кочани 8, Кичево 10, Кавадарци 70, и во Гевгелија 17 лица.