Болниците полни, по Скопје, Прилеп и Куманово со најмногу ковид пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.224 и има околу 317 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 520 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 57, а во Куманово 102 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 91 пациент, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 66, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.224 и има околу 317 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 63 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија кои имаат вкупно 50 кревети.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 28 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 примени пациенти и 17 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 234 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември “има вкупно 108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 520 пациенти потврдени и сомнителени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.