Лефков до Антикорупциска: Отворете случај за Филипче и набавката на кинески вакцини по 62.5 долари преку фантом фирма од Хонг Конг

Не само извинување, туку треба да му биде срам на министерот што воопшто се осудил да напише нешто такво. Сепак ќе ве потсетам дека и денеска Македонија има нула набавени вакцини. Не зборуваме за донации, значи зборуваме за набавка нула. Бројката на набавени вакцини е нула - рече Лефков.

581

И денеска имаме набавено 0 вакцини. Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат да ги разочаруваат граѓаните. Денеска во ДКСК поднесуваме комплетна документација, објавена во медиумите, а од која се гледа дека Венко Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија со кинески „Синофарм“ за набавка на 200.000 вакцини, по цена од 62,5 долари од вакцина, рече пред Антикорупциска Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

– Еве ги документите со потпис на Венко Филипче, со извор Централен регистар на Хонг Конг. Прашањето и денеска е дали се работи за муртинската „30 за Синофарм, 30 за Вицето“. Греота е кога доктор како тебе кој наместо да спасува животи, утре ќе треба да одговара,  но никој не те присилуваше да бидеш извршител на Зоран Заев. Ова се документите од кои се гледа дека Филипче ја овластил фирмата, а ова е неговиот потпис. Ова се документите од кои се гледа дека истата на сметка во Дојче банк има гаранција од 12.5 милиони евра. А ова се и документите од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека фирмата е формирана само три месеци по формирањето на владата на Зоран Заев – рече Лефков.






Тој ја повика Антикорупциска веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, и најави дека ќе поднесе претставка.

– Се работи за здравјето на луѓето, граѓаните мислат дека Владата работи и мисли на нив, а нивната влада всушност мисли само на провизии. Загрозено е здравјето на илјадници, а директно на душата Заев и Филипче носат стотици наши сограѓани, кои умреа како последица од ковид-19 во изминатиот период, во кој можеше да се набави вакцина, а тоа не се направи. Со секој поминат ден без вакцина, десетици и стотици луѓе одат на совеста на Заев и Филипче. Одговорност мора да има – рече Лефков.

Тој му порача на Филипче наместо да работи на тужбата денеска најдобро е да се посвети и да работи на неговата одбрана, затоа што ќе дојде време кога за ова ќе се одговара.

Новинарско прашање:  Од каде ги имате документите, дали од ваши извори дека станува збор за една доза од 60 – тина долари ?

Тој на новинарско прашање од каде им се документите и дали од негов  извори е информацијата дека станува збор за една доза од 60 – тина долари, Лефков вели:

– Ако ја помножите сумата која што е уплатена стои потписот на Венко Филипче износот е 12,5 милиони долари а во јавноста беше објавено дека нарачката изнесува 200.000 дози лесно е да се дојде до износот на една вакцина која што нашата влада односно Венко Филипче има намера да ја плати. Износот за вакцина според наши информации ако ги погледнете објавите на пример во Унгарија во Њујорк Тајмс денеска пишува дека за 30 евра е набавена во Унгарија официјални статии и на Њујорк Тајмс и во повеќе реномирани светски угледни списанија.

За веродостојноста на документите тој рече дека ќе ги поднесе во Антикорупциска бидејќи една од забелешките на министерот била дека тие се фабрикувани и фалсификувани.

– На документите пишува дека извор е централниот регистар на Хонх Конг. Знаете дека нашите институции доколку имаат намера да го расветлат овој случај можат преку меѓународна правна помош преку МНР да ги обезбедат истите документи за и јавноста и сите се уверат во нивната веродостојност – рече Лефков.

Тој како што вели нема намера да му се извини на Филипче.

– Не само извинување, туку треба да му биде срам на министерот што воопшто се осудил да напише нешто такво. Сепак ќе ве потсетам дека и денеска Македонија има нула набавени вакцини. Не зборуваме за донации, значи зборуваме за набавка нула. Бројката на набавени вакцини е нула – рече Лефков.

Поврзани содржини