Наскоро пристигнува уште една европска вакцина
Оваа вакцина работи на принципот на пренесување на информации за РНК, како што се вакцините на „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.
Француската фармацевтска компанија „Санофи“ во петокот објави почеток на првото испитување на луѓе на својот втор проект за вакцини против ковид-19.
Оваа вакцина работи на принципот на пренесување на информации за РНК, како што се вакцините на „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.
„Санофи“ ја развива заедно со својот американски партнер „Транслејт био“.
Тестот ќе се изврши на 415 волонтери во првата фаза, и ако покаже добри резултати во третиот квартал од оваа година ќе започне втората фаза од тестирањето.
Првиот кандидат за вакцината на „Санофи“ сè уште е во фаза на тестирање, а оваа добро позната француска лабораторија доцни значително во однос на нејзините конкуренти во светот.
Оваа прва вакцина, која работи на принципот на рекомбинантен или хетеролог протеин, „Санофи“ ја развива во соработка со британската „ГСК“.
Во моментов е во втора фаза на тестирање и „Санофи“ се надева дека оваа нивна прва вакцина би можела да биде готова до крајот на годината.
За тоа време, оваа француска лабораторија, од летото, ќе помогне во пакувањето на вакцините на „Фајзер“ и „Џонсон и Џонсон“.