Шишенцето од првата вакцина против ковид-19 во САД ќе се чува во музеј
„Ова се сега историски предмети коишто сведочат за извонредниот научен напредок постигнат во борбата против епидемијата на коронавирусот и претставуваат надеж за милиони луѓе погодени од кризата предизвикана од епидемијата“, соопшти управата на музејот.
Шишенцето со првата доза вакцина против коронавирусот во САД, коешто беше инјектирано на 14 декември 2020 година, денеска е сместено на Националниот музеј на американската историја во Вашингтон, како дел од збирката предмети поврзани со корона-пандемијата.
Болницата „Нортвел“ во Њујорк, каде што медицинската сестра Сандра Линдзи прва во САД прими вакцина против коронавирус – „Фајцер Бајонтек“, му го подари шишенцето на музејот заедно со искористениот шприц, документ за вакцинација на медицинската сестра и нејзината униформа што таа ја носеше дента.
„Ова се сега историски предмети коишто сведочат за извонредниот научен напредок постигнат во борбата против епидемијата на коронавирусот и претставуваат надеж за милиони луѓе погодени од кризата предизвикана од епидемијата“, соопшти управата на музејот.
САД се земја во светот најпогодена од Ковид-19, со над 528 000 починати луѓе досега, и повеќе од 29 милиони заразени со коронавирусот.