Вакцината „Џонсон и Џонсон“ ќе почне да се прима во САД во следните 24 до 48 часа

250

Американците треба да имаат можност да ја примат вакцината против ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ во следните 24 до 48 часа, изјави денеска извршниот директор на компанијата Алекс Горски, откако американските регулатори ја одобрија вакцината.

Фармацевтската компанија оваа недела треба да испорача четири милиони дози вакцина, а до јуни 100 милиони дози, рече Горски во интервју за Ен-Би-Си Њуз.






– Во следните 24 до 48 часа, Американците треба да почнат да ја примаат вакцината – рече тој.

Акциите на фармацевтската компанија пораснаа за 2,9 проценти во претпродажба откако во саботата американската Агенција за храна и лекови ја одобри својата еднократна вакцина против ковид-19.

Американскиот дистрибутер на лекови „МекКесон“ денеска соопшти дека започна со дистрибуција на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19.

„МекКесон“ е партнер за дистрибуција на вакцините против ковид-19 на американската Влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција кои ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцините „Џонсон и Џонсон“. 

Поврзани содржини