Сајкоски за планот на Георгиевски: Соседите секогаш имале свои инсталации кои работеле против интересите на земјата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Георгиевски го правел планот за решавање на спорот со бугарија заедно со премиерот Зоран Заев.

1,043

Љубчо Георгиевски како коалиционен партнер на Зоран Заев во владата, заеднички и координирано го правеле предлог планот за решавање на спорот со Бугарија, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Сајкоски додаде дека граѓаните на Македонија треба да се запрашаат зошто е направен и објавен овој план од Георгиевски, додавајќи дека соседите секогаш имале инсталации кои работеле против македонскиот народ и држава.






– Историски гледано со формирањето на соседните држави започнало негирањето на македонскиот народ и во тој период 19 и 20 век и денес, соседните држави имаат свои инсталации кои работат против македонскиот народ, а сега и против македонската држава и јазик – потенцираше Сајкоски

 

Поврзани содржини