Лажните „конгресмени“ на ВМРО-ДПМНЕ ќе заработат кривични пријави

Тоа што нам ни пречи е тоа што Заев си дозволува да ги коментира случувањата во ВМРО-ДПМНЕ. А пред изборите минатата година, кои требаше да се случат во април, едно свештено лице заедно со уште еден близок човек на актуелниот премиер, бараа милост од Мицкоски за семејството Заеви доколку ВМРО-ДПМНЕ направи влада - откриваат нашите соговорници од ВМРО-ДПМНЕ.

3,600

Кривично дело „лажно претставување“ ќе им се товари на иницијаторите на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кои на 28 март ќе се претстават како делегати и ќе гласаат за смена на актуелниот лидер Христијан Мицкоски, тврдат високи извори од партијата, посочувајќи дека мандатот на делегатите е истечен уште во мај 2019 година.

– Целта на вонредниот конгрес што го најавуваат иницијаторите во ВМРО-ДПМНЕ, а кој го туркаат Зоран Заев и Сашо Мијалков е да се избере нов претседател на партијата, кој во медиумите ќе почне да се претставува како официјално нов партиски лидер и на тој начин да почнат со создавање магла во општеството. Но делегатите на конгресот во Валандово се практично истите делегати од мајскиот конгрес во Куманово кој се одржа во 2015 година. Мандатот на делегатите трае 4 години, а тоа значи дека истекува во мај 2019 година. Затоа, многу лесно може да се случи некој да одговара за лажно претставување, бидејќи мандатот на тие луѓе е истечен пред повеќе од една година. Првиот момент кога некој ќе се идентификува како делегат, тој прави кривично дело лажно претставување – брифираат извори од опозицијата.






Оттаму велат дека иницијативата за одржување вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ целосно издишала во неделата кога македонската јавност дознала за бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, но како што додаваат, сепак таа иницијатива ќе биде активна уште некое време.

– Иницијаторите ќе продолжат и понатаму да прават дефокус од другите политички теми, но тоа е политичка стратегија и не можеме да им се лутиме. Тоа што нам ни пречи е тоа што Заев си дозволува да ги коментира случувањата во ВМРО-ДПМНЕ. А пред изборите минатата година, кои требаше да се случат во април, едно свештено лице заедно со уште еден близок човек на актуелниот премиер, бараа милост од Мицкоски за семејството Заеви доколку ВМРО-ДПМНЕ направи влада – откриваат нашите соговорници.

Поврзани содржини