Завршни зборови на обвинителката Ленче Ристовска за случајот „Таргет-Тврдина“
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4. 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Во Кривичниот суд во Скопје во тек е излагањето на завршните зборови на обвинителката Ленче Ристоска за случајот со кодно име „Таргет-Тврдина“.
Во случајот првообвинет е екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски кои избегаа во Грција и им се суди во отсуство, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4. 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата, според обвинителството, била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби и на 1. 541 број или вкупно 5. 827 телефонски броја.
Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.