Лавров се закани: Подготвени сме и да ги прекинеме врските со ЕУ
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров порача: „ако сакате мир, подгответе се за војна“.
Москва не ја отфрла можноста за прекинување на врските со Европска Унија доколку Брисел воведе санкции кои би ја загрозиле руската економија, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Тој во интервју за Соловјев, канал на ЈуТјуб, истакна дека не сака Русија да се изолира од светот, но оти се подготвени на прекин на односите со ЕУ.
– Веруваме дека сме подготвени. Ако уште еднаш видиме, како што досега видовме многу пати, да се воведат санкции во области кои ѝ нанесуваат штета на нашата економија и во најчувствителните области – посочи Лавров.
Тој додаде „ако сакате мир, подгответе се за војна“.