Градоначалникот Николов: Немам ништо против да се учи бугарскиот јазик во училиштата во Штип

1,391

Градоначалникот на Штип Сашко Николов вели дека нема ништо против да се изучува факултативно бугарскиот јазик во штипските училишта.

Тој дал ваков предлог и до бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кој беше во посета на градот и имаше средба со градоначалникот Николов.






– Во духот на добрососедството, во духот на подобрата комуникација, дадов предлог до самиот амбасадор дека немам ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик којшто е познат и е присутен претставува основна комуникација помеѓу народите – изјави Николов на прес-конференцијата по средбата.

Поврзани содржини