Русија очекува регистрација на „Спутник V“ во 25 земји до крајот на неделава
До крајот на неделава очекуваме 25 регулатори или 25 земји да ја одобрат нашата вакцина - рече Дмитриев. Тој додаде дека вакцината досега е одобрена од 19 регулатори.
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) очекува дека вакцината „Спутник V“ ќе биде регистрирана во 25 земји до крајот на оваа недела, рече претседателот на „РДИФ“, Кирил Дмитриев во интервју за телевизискиот канал „Русија-1“.
– До крајот на неделава очекуваме 25 регулатори или 25 земји да ја одобрат нашата вакцина – рече Дмитриев. Тој додаде дека вакцината досега е одобрена од 19 регулатори.
Експерти: Вакцината е докажано втемелена
Списанието „Лансет“ минатата недела ги објави резултатите од третата фаза на клиничкото испитување на руската вакцина. Според нив, оваа вакцина е 91,6 проценти ефикасна кај симптоматските форми на коронавирусот.
– Производството на „Спутник V“ е критикувано поради неговата брзина, желбата за непосредни резултати и недостатокот на транспарентност. Но, резултатите објавени овде се јасни и докажана е научната основа на вакцината – велат двајцата британски експерти, професорите Иан Џонс и Поли Рој со студијата на „Лансет“.
– Ова значи дека постои друга вакцина во борбата за намалување на инциденцата на ковид-19 – велат тие експерти, кои не учествувале во студијата.