Тимот во Вухан: Мора да влеземе во пештера на лилјаци во обид да најдеме генетски елементи на коронавирусот

Тој не објаснил во детали, ама вели дека нема докази кои би укажувале дека вирусот потекнува од лабораторија, пренесува Ројтерс.

334

Питер Дашак, член на тимот на СЗО вели дека е потребно да работат на обиди за пронаоѓање на генетски елементи на вирусот во пештерите со лилјаци.

Дашак кој е зоолог и експерт за болести на животни, вели дека со тимот на СЗО во Вухан добил нови информации за тоа како вирусот првпат е идентификуван во градот кон крајот на 2019 година и како настанала пандемијата.






Тој не објаснил во детали, ама вели дека нема докази кои би укажувале дека вирусот потекнува од лабораторија, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека тој бил вклучен во истражување на потеклото на тежок акутен респираторен синдром (САРС) во периодот 2002-2003 , кој потекнува од лилјаци кои живеат во пештерите во југозападната кинеска област Јунан.

– Слични истражувања треба да се направат ако сакаме да го најдеме вистинското потекло на ковид-19 – вели Дашак за Агенцијата.

Тој вели дека тимот од Вухан добил нови информации за тоа како вирусот предизвикал пандемија, ама не образложил детално.

– Имаме слика која се чини дека е дел од сценарио кое е поверојатно од другите можности – изјавил британскиот научник.

Едно од сценаријата кое тимот внимателно ќе го проучи е можноста дека вирусот можел да циркулира многу порано од кога првпат е идентификуван во Вухан.

– Тоа е нешто што нашата група интензивно го проучува за да види колкаво ниво на пренос во заедницата можело да се случи порано- вели Дашак.

Научниците од СЗО досега ги посетиле болниците, истражувачките објекти и пазарите за морски плодови каде е идентификувано првото избувнување, иако нивните контакти во Вухан се ограничени на посети кои се организирани од нивните кинески домаќини.

Дашак за Агенцијата потврдил дека кинеските власти не одбиле ниту едно барање на тимот за посета на објекти или состаноци со клучните лица.

Поврзани содржини