Вакцината Џонсон & Џонсон е делумно ефикасна, во САД – 72 отсто, во Јужна Африка – 57 отсто

Две вакцини ки се достапни во САД се многу ефикасни, но сите очи се вперени во Џонсон & Џонсон, која има само една доза и која би била многу полесна за употреба.

394

Компанијата Џонсон & Џонсон соопштила дека вакцината која ја развиле е ефикасна 66 отсто во спречување на средно тешките форми на ковид-19, а 85 отсто во превенција на тешките форми на инфекција.

CNN пренесува дека станува збор за податоци добиени во третата фаза на клиничкото тестирање на глобално ниво, а дека ефикасноста на вакцината според резултатите на тестирањето во САД е 72 отсто.






Резултатите сепак се симптоматични, наспроти САД, вакцината во Јужна Африка е ефикасна 57 отсто – токму таму каде е најраспространет новиот сој на вирусот кој е позаразен.

Директорот на националниот институт за алергија и заразни болести во САД д-р Антони Фауичи неодамна изјави дека вакцината Џонсон & Џонсон против ковид-19 е на чекор до тоа да побара одобрување за итна употреба од американската администрација за храна и лекови.

Сепак, може да поминат недели за вакцината да успее да ја мине постапката за одобрување од ФДА и се уште е нејасно кога тоа ќе се случи.

Две вакцини ки се достапни во САД се многу ефикасни, но сите очи се вперени во Џонсон & Џонсон, која има само една доза и која би била многу полесна за употреба.

-Џонсон & Џонсон се обврзала дека во текот на годинава ќе произведе и примени милијарда дози од вакцината, вклучувајќи најмалку 100 милиони дози за САД, доколку се покаже дека таа вакцина е сигурна и ефикасна – изјавил д-р Ден Баруш од медицинската школа Харвард, кој помогнал во развојот на вакцината.

– Ако станува збор за вакцина со една доза, милијарда дози на вакцината би се претвориле во милијарда вакцинирани луѓе – изјавил Баруш за CNN.

Поврзани содржини