Британска наставничка имала секс со 15-годишен ученик ВИДЕО

За инцидентот се дознало откако во училиштето почнале да кружат фотографии во топлес која наставничката му ги праќала на детето. Снимките дошле и до управителот на училиштето

708

Наставничка од Велика Британија може да заврши во затвор откако е прогласена за виновна за полов однос со петнаесетгодишен ученик.

Кандика Барбер (35) во повеќе наврати имала сексуален однос со 15- годишник, еднаш на спортски терен. Подоцна му праќала пораки, во кои го прашувала дали повеќе ги сака нејзините гради или задник.






За инцидентот се дознало откако во училиштето почнале да кружат фотографии во топлес која наставничката му ги праќала на детето. Снимките дошле и до управителот на училиштето – пишува Daily Mail .

Барбер денеска е прогласена за виновна за предизвикување или потикнување на дете помладо од 16 години на сексуални активности. Наставничката и мајка на три деца со жртвата се состанала на Денот на спортот откако претходно го додала за пријател на социјалните мрежи.

Набрзо потоа почнала на малолетното момче да му испраќа пораки во кои му кажувала кога ќе оди да се тужира или капе, а потоа со него почнала да има секс.

– Ајде за време на часот да се видиме, да видиме дали можеме меѓусебно да се возбудиме без другите да забележат – напишала во една од пораките.

Кога управителот на училиштето го повикал момчето на разговор, тој негирал дека имал полов однос со наставничката.

Подоцна на полицијата ѝ признал дека наставничката му се заканувала.

– Ми кажа дека ќе ме повлече со себе ако ја издадам. Ја прашав дали мисли да ме обвини за силување. Потоа се налутив и повеќе не разговарав со неа – рекло момчето.

Поврзани содржини
na