И во септември влегол отровен сусам во земјава, уништен е на депонијата Дрисла

По приемот првата нотификација во септември минатата година (23.09.2020 година) инспекциските служби на Агенцијата преземале мерки согласно законските надлежности.

1,791

Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Плусинфо потврдија дека отровниот сусам кој доаѓал од Индија, а кој бил вратен од српската граница, бил присутен и во земјава, при што биле преземени конкретни мерки.

– Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство има добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во које утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид. Постапено е по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек – велат од АХВ за Плусинфо.






По приемот, првата нотификација во септември минатата година (23.09.2020 година) инспекциските служби на Агенцијата преземале мерки согласно законските надлежности.

– Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбеднопоништен на депонијата Дрисла. Во вториот случај, при примената нотификација на 06.11.2020 година, направена е контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и утврдено е дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините – додаваат од Агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и спроведува континуирани контроли. Доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира согласно законските надлежности.

Поврзани содржини