ОБВИНЕТИОТ ГРУБИ Е НА СЛОБОДА, НЕ СМЕЕ ДА ГО НАПУШТИ СКОПЈЕ Судот не му го врати пасошот

Од Кривичниот суд информираат дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.

3

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на поранешниот прв вицепремиер  Артан Груби, кој е второобвинет во предметот „Лотарија на Македонија“ и покрај понудеата гаранција од над 300.000 евра во недвижен имот. Мерката куќен притвор му е укината по сила на законот. но обвинетиот и натаму останува без пасош, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

Од Кривичниот суд информираат дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.






Според член 470 од Законот за кривичната постапка, мерката притвор, односно куќен притвор, определена по поднесен обвинителен предлог, не може да трае подолго од 60 дена. Во конкретниот случај, обвинителниот предлог бил поднесен на 13 август 2026 година, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Судот го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за определување дополнителни мерки за претпазливост. Со нив, на Груби му се забранува напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, има обврска повремено да се јавува во судот, како и забрана за приближување и остварување контакти со одредени лица.

 

Останува во сила и забраната за издавање нов пасош или друг документ со кој би можел да ја премине државната граница.

ГРУБИ ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР Понуди гаранција од 335.707 евра

Поврзани содржини