📽️ НЕ MOЖЕ ДА СЕ НАПИЕ ПИВО БЕЗ ДА СТАНЕ МЕМЕ Марк Закерберг стана мета на потсмев поради начинот на кој пие Гинис
Снимка од технолошкиот милијардер како се обидува да испие чаша ирско пиво предизвика лавина шеги на интернет. Гледачите ги анализираат неговите гримаси и вкочанетите движења, а некои повторно се пошегуваа дека директорот на „Мета“ изгледа како робот што се обидува да имитира човек.
Марк Закерберг повторно стана предмет на потсмев на интернет, овојпат поради начинот на кој пие пиво во видео од подкастот „Cheeky Pint“, во кој основачот на „Фејсбук“ гостувал заедно со Александер Ванг, директорот за вештачка интелигенција во „Мета“.
Во емисијата, чиј водител е Џон Колисон, коосновачот на компанијата „Страјп“, гостите разговараат за плановите на „Мета“ во областа на вештачката интелигенција. Но, дел од снимката со чашите „Гинис“ брзо го засени разговорот за технологијата.
Во видеото, Закерберг зема голтка од темното ирско пиво, по што прави гримаса и благо се повлекува, оставајќи впечаток дека вкусот воопшто не му се допаѓа. Корисниците на социјалните мрежи почнаа да ги коментираат неговите стиснати усни, вкочанети движења и реакцијата по голтката.
Mark Zuckerberg pretending to enjoy Guinness is my new favourite thing. https://t.co/y570hFF0V6
— Mark Malone (@soundmigration) October 12, 2026
Еден од коментарите што се проширија на интернет ја исмева ситуацијата со забелешката дека е неверојатно како некој може да вреди милијарди долари, а сепак да чувствува потреба да крие дека нешто не му се допаѓа. Други повторно ја оживеаја старата интернет-шега дека Закерберг изгледа како робот што механички се обидува да се однесува како човек.
Според набљудувањата поврзани со подкастот, Закерберг испил околу 800 милилитри пиво, Ванг околу 450 милилитри, додека Илон Маск, кој претходно гостувал во подкастот, наводно испил околу 1,7 литри.
Иако разговорот бил посветен на сериозни теми, меѓу кои развојот на вештачката интелигенција и идните планови на „Мета“, токму краткиот момент со пивото стана вирален.