Адвокатот на сексуалниот предатор Алексиќ ја манипулира јавноста – актерката Милена Радуловиќ се смеела откако била силувана?!

Актерката Милена Радуловиќ, која прва го пријави својот учител Мирослав Мика Алексиќ за сексуално злоставување, добива поддршка од познати јавни личности, а Бајага и „Бомбај Штампа“ напавија песна за нејзиниот хероски подвиг.

9,632

Одбраната на актерот Мирослав Алексиќ, кому му беше одреден притвор под сомнение за силување и сексуално злоставување на шест ученици на неговото училиште за глума, од 2012 година до минатата година, со фотографија на директорот со една од жртвите, Милена Радуловиќ и други ученици, срамно се обидува да докаже дека „некој што се смее на сликата не е силуван“.

Според бранителот на Алексиќ, фотографијата е направена во јуни 2013 година, еден месец откако Алексиќ наводно ја силувал Милена за прв пат во училишните простории. Обвинителството ќе испита кога е точно направена фотографијата. На сликата, освен Радуловиќ и Алексиќ, се и сопругата на Мика, Билјана Машиќ, Иван Зариќ, актер и предавач во училиштето на Мика, како и други ученици.






Адвокатот Југослав Тинтор, кој ги застапува девојките кои го пријавиле Алексиќ за злоупотреба, изјави дека фотографијата не ја доведува во прашање содржината на сведочењето на Милена Радуловиќ, но дека таа не може детално да зборува за тоа, бидејќи тоа ќе открие делови од нејзиното сведочење во обвинителството.

– Таа фотографија во никој случај не го нарушува кредибилитетот на сведочењето на Милена Радуловиќ. Напротив, во нејзината изјава беа објаснети сите околности на нејзиното појавување – изјави Тинтор.

Милена Радуловиќ повторно се огласи на Инстаграм. Во силната порака таа својата колешка Ива Илинчиќ, која исто така го пријави Алексиќ за сексуална залоупотреба, ја нерече „сестра“. Ова е таа порака на Инстаграм:

Млада актерка Радуловиќ добива силна поддршка во јавноста. Момчило Бајагиќ Бајага и Бранко Ѓуриќ решија да и направат песна со наслов „Не си сама“. Бајага е одговорен за текстот на песната, додека популарниот Ѓуро ја отпеа песната со неговиот бенд „Бомбај Штампа“.

Поранешната водителка Николина Пишек силно гу поддржа жртвите на Алексиќ.

„Овој момент во целокупната историја на сексуална злоупотреба на жени е клучен. Сега или никогаш“, напиша таа, меѓу другото, на Инстаграм.

По Милена Радуловиќ (25), дваесеттина актерки, поранешни ученички на школата за глума на Алексиќ, некои јавно а некои анонимно, го пријавиле попларниот актер, кого сека во медиумите гио нарекуваат сексуален предатор. Тие сведочеле дека биле жртви на сексуално злоставување во периодот од 2008 до 2020 година, во време кога биле малолетни, или подоцна.  Мирослав Мика Алексиќ е познат филмски режисер, продуцент, сценарист, актер и педагог. Повеќе од 3.000 млади луѓе поминале низ работилниците на неговото училиште за глума.

Слушнете ја уште еднаш песната „Не си сама“:

Поврзани содржини