„Пасат“ удри во две други возила во центарот на Скопје
По ударот автомобилот се одбил и соборил столбови на улицата.
Tешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје во која има и повредени.
До несреќата дошло кога автомобил ,,пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила. По ударот автомобилот се одбил и соборил столбови на улицата.
Увидот е во тек.
Извор: Канал 5