718 пациенти се борат против коронавирусот во македонските болници
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.