Најмалку 50 патници загинаа по уривање на авион близу Џакарта (ФОТО)
Авионот се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута.
Повеќе од 50 патници загинаа во авионска несреќа близу Џакарта, јавија локалните медиуми.
Авион на авиокомпанијата Сривиџава ер се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта. Авионот се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута.
Станува збор за авион Боинг 737-500, а властите најавија дополнителни информации за несреќата по која екипи трагаат по преживеаните и делови од авионот за да се утврди причината за несреќата.