Онколог им прости 650.000 долара на болни од рак кои не можат да платат

476

Американски онколог им прости долгови во вредност од речиси 650.000 долари на 200 пациенти болни од рак, откако сфати дека многу од нив имаат проблеми да ги платат, јави Би Би Си.

Доктор Омар Атик минатата година го затвори својот центар за лекување карцином во Арканзас по речиси 30 години работење. Тој работел со компанија за наплата на долгови за да собере неплатени исплати, но подоцна сфатил дека многу семејства биле финансиски погодени од пандемијата.






На Божик, тој им напишал на пациентите дека сите долгови ќе им бидат простени.

– Со текот на времето, сфатив дека има луѓе кои едноставно не можат да платат. Така, јас и сопругата, како семејство, размислувавме да им го простиме целиот долг. Видовме дека можеме да го сториме тоа и така направивме – изјави д-р Атик за „Добро утро Америка“ на Еј Би Си, кој ја основаше Клиниката за карцином во Арканзас во Пајн Блаф во 1991 година, обезбедувајќи третман, вклучително и хемотерапија.

Тој сега е професор на Универзитетот за медицински науки во Арканзас во Литл Рок.

Поврзани содржини