Почина Бонд-девојката Тања Робертс

709

Американската глумица Тања Робертс, најпозната по улогата во филмот за Џеjмс Бонд „Поглед на убиство“ (A View to a Kill) со Роџер Мур, почина на 65-годшна возраст.

Робертс починала на 27 декември 2020 година. Причината за смртта сѐ уште не е соопштена. Но, нејзината смрт не е поврзана со ковид-19. Робертс не боледувала од ништо пред нејзината смрт.






Таа глумеше и во серијата „Чарлиевите ангели“ од 1980-тите, како и во „Лудите ’70-ти“ од 1998 до 2004 година.

Во кариерата таа била и модел со улоги во реклами, како и во повеќе филмови од Б-категорија.

ФОТО: Rex Features.

Поврзани содржини