Иако ја нарача, Унгарија се откажа од руската вакцина

Русија нема доволно производствен капацитет - рече Гергели Гулјас.

651

Унгарија ќе купи вакцини против ковид-19 или преку механизмот за набавка на Европската унија или директно од Кина затоа што Русија нема доволно капацитет да ги произведе своите вакцини, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Унгарија учествуваше во руските клинички испитувања и рано прими мали количини на руската вакцина „Спутник V“, што ги загрижи нејзините европски партнери дека ќе го заобиколи европскиот механизам за одобрување на вакцините.






– Русија нема доволно производствен капацитет – рече Гергели Гулјас за телевизијата АТВ.

Унгарија со задоволство учествуваше во руските испитувања, но набавката на вакцини во големи количини ќе мора да биде „дел од процесот на ЕУ или од Кина“, рече тој.

Така, за прв пат, унгарската влада јасно стави до знаење дека руските вакцини нема да се користат за масовно вакцинирање во земјата.

Поврзани содржини